Skip to content

АВАНТУРИ НА ДВЕ ТРКАЛА
по патот на комарците

Локални патишта погодни за велосипедизам во

Кочани, Виница Зрновци и Чешиново – Облешево. 

Кочанската котлина е со силен потенцијал за развој на бањскиот, планинско селскиот како и спротскиот туризам, кој за жал досега е многу малку опфатен како стопанска гранка во регионот. Кочанската Котлина е испреплетена со локални патишта кои се користат се повеќе како релација за рекреација на голем број на граѓани. Велосипедот е превозно средство кое не испушта штетни гасови, кое зафаќа многу мал простор и кое е енергетски поефикасно во споредба со другите превозни средства. Во последните две декади, возењето велосипед стана повторно популарно, а неговите здравствени, еколошки, економски и транспортни придобивки се повеќе и повеќе сфатени и прифатени.

За проектот

Овој проект има цел, постоечките локални патишта на територијата на опрштините да бидат вклопени во една целина за развој на свеста за оваа рекреативно спортска дисциплина, подигање на свеста за здрави навики и заштита на природата. Преку Мапирање на актуелните патишта погодни за велосипедизам, прокетот има за цел да го унапреди велосипедскиот сообраќај.

Проектот опфаќа мапирање на постоечки локални патишта на територија на Општините Кочани, Виница,Чешиново-Облешево, Зрновци. Како и промоција на здрави навики преку велосипедизам со вклучување на повеќе целни групи (деца од школска возраст, млади и возрасни лица жители на општините и посетители,туристи). Промоција на природни и историски знаменитости во Општините, промоција за здрави навики и заштита на животната средина како и Промоција на локални бизниси.

 

about-second-section-img1
about-second-section-img2

Цели на Проектот

  1. Дигитално Мапирани локални патишта погодни за велосипедизам  – повеќе од 60 км локални патишта
  2. Изработена web платформа Авантури на две тркала – “По патот на Комарците”  – velopateki.mk и bikeroutes.mk каде ќе ги најдете сите информации за проектот како и мапираните патишта и информации за најпознатите знаменитости во нашите општини. 
  3. Изработена Мобилна апликација – аднроид апликацијата која може да се најде на вебплатфорамта velopateki.mk и bikeroutes.mk како и на Google Play Store. 
  4. Поставени Информативни паноа и табли – општините како партнери во овој проект поставувуваат Инфо табли на територијата на општината.
  5. Промоција на природни и историски знаменитости во општините – Веќе се мапирани и поставени позначајните природни и историски знаменитости.  
  6. Промоција на локални бизниси – поголем дел од локалните бизниси кои се од поголем интерес за велосипедистите се веќе поставени, повикот е отворен до сите правни субјекти кои сакаат да ги промовираат своите услуги да не контактираат преку веб платформата за да нивните услуги бидат поставени на платформата. 
  7. Зголемување на свеста за здрави навики – Преку оваа платформа како и промовирање на овие мапирани патеки на веб страните на општините како и преку социјалните мрежи, се прави промоција на здравите навики помегу граганите и за можностите и убавините кои ни ги нуди регионот во кој живееме. 
  8. Зголемување на свеста за заштита на животната средина – преку промоција на велосипедот како средство за рекреација, спорт но и како превозно средство се подига свеста кај граганите за заштита на животната средина.

Резултати

goal-icon-64x63-1
Мапирање

повеќе од 60 км локални патишта погодни за велосипедизам се детално мапирани

work-out-icon-74x74-1
Веб платформа

Изработена web платформа Авантури на две тркала – “По патот на Комарците” – може да се најде на адресите: velopateki.mk и bikeroutes.mk

performance-icon-61x81-1
Мобилна андроид апликација

Мобилна андроид апликација – може да се најде на веб платфорамта velopateki.mk и bikeroutes.mk како и на Google Play Store.

achievement-icon-65x72-1
Информативни паноа и табли

Информативни паноа и табли – општините како партнери во овој проект поставувувија Инфо табли на територијата на општината.

Локални велосипедисти ентузијасти и професионалци експерти кои помогнаа ова да стане реалност

Професионален Велосипедист

Јоже Јованов

Професионален Велосипедист
Професионален Велосипедист

Мишко Крстов

Професионален Велосипедист
Велосипедиски Ентузијаст

Панче Зафиров

Велосипедиски Ентузијаст
Велосипедиски Ентузијаст

Владо Симеонов

Велосипедиски Ентузијаст